СЗО: Зголемен бројот на случаи на сипаници за 300 отсто во првиот квартал
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека бројот на случаите на мали сипаници на глобално ниво се зголемува веќе трета година по ред, при што е забележан раст од 300 отсто во однос на истиот период минатата година.
Во првиот квартал од годината, 170 земји пријавиле околу 112.000 случаи на мали сипаници, што е зголемување од 28.000 во однос на првиот квартал од 2018 година. Сепак, реалните броеви најверојатно ќе бидат 10 пати повисоки, бидејќи само мал дел од случаите се пријавени, се наведува во соопштението од СЗО.
Иако болеста лесно се превенира доколку 95 проценти од популацијата се вакцинирани, СЗО објави дека стапката на глобалната покриеност за првата доза од имунизацијата веќе неколку години е на 85 проценти. Со втората доза опфатени се само 67 проценти од населението.
Речиси една четвртина од пациентите со мали сипаници се хоспитализирани со компликации кои можат да доведат до попреченост, оштетување на мозокот, слепило и губење на слухот.
Меѓу земјите со висок број на инфекции во изминатите шест месеци се Мадагаскар со 70.000 случаи, Украина со 49.000, Филипините со 8.800 и Венецуела со 5.700.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец