СЗО: Во исклучителни околности, може да се пролонгира втората доза од вакцината
Советничката група на Светската здравствена организација вчера соопшти дека нејзината препорака е двете дози на вакцината на Фајзер/БиоНТек да се примат во интервал од 21 до 28 дена. Сепак, тие посочуваат дека во „исклучителни околности“, може да се даде втората доза шест седмици по првата доза од вакцината.
– Разгледавме и ја дадовме следната препорака: две дози од оваа вакцина во рок од 21 до 28 дена, рече Алехандро Кравиото, претседател на Стратешката советодавна група на експерти за имунизација (САГЕ) на онлајн конференција. Тој потенцира дека вовеле „одредба за земји во исклучителни околности на ограничувања во снабдувањето со вакцини за одложување на администрирање на втората доза за неколку недели со цел да се зголеми бројот на лица кои ќе имаат корист од првата доза“.
Германската фармацевтска компанија „БиоНТек“ претходно денеска предупреди дека не може да гарантира максимален ефект на вакцината против Ковид-19, што ја произведе со американски „Фајзер“, доколку се одложи втората доза со што временскиот интервал помеѓу двете дози би бил подолг од пропишаните три недели.
Велика Британија предизвика контроверзии оваа недела објавувајќи дека планира да ја одложи втората доза на вакцината до 12 недели со цел повеќе луѓе да ја добијат заштитата предвидена со првата доза, а сега и Германија ја разгледува таа можност.
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина