Свет
4. November 2020 - 13:57

СЗО: Ширењето на коронавирусот и бројот на смртни случаи во Европа се забрзуваат

Светската здравствена организација соопшти дека се случило понатамошно забрзување на ширењето на коронавирусот во Европа, каде што минатата недела се регистрирани голем број новозаболени лица, што е скоро половина од вкупниот број на заразени лица во светот.

Светската агенција објави во неделниот извештај, објавен доцна синоќа, дека европските земји исто така забележале зголемување на смртноста од КОВИД-19 за 46 проценти во споредба со претходната недела, пренесува АП.

Иако се зголеми и бројот на смртни случаи на американскиот континент, стапката на раст е само два отсто.

Во Европа, Франција, Италија и Велика Британија пријавија најголем број нови случаи, додека Андора, Чешка и Белгија пријавија највисока стапка на инфекција по глава на жител.