СЗО прекина со истражување – хидроксихлоракинот не ја намалува смртноста од Ковид-19
Светската здравствена организација соопшти дека ги прекинува испитувањата за лекот за маларија – хидроксихлорокин и комбинацијата на лекови за вирусот ХИВ – лопинавир / ритонавир, кај пациентите хоспитализирани заради коронавирус, бидејќи тие не ја намалиле смртноста.
„Резултатите од привремените тестови покажуваат дека хидроксихлорокин и лопинавир / ритонавир придонесуваат за мало или никакво намалување на смртноста кај хоспитализирани пациенти со Ковид-19, во споредба со стандардната нега“, се наведува во соопштението на СЗО.
Испитувањата веднаш ќе бидат прекинати, се додава во соошштението на СЗО, пренесуваат британските медиуми.
Ваквата одлука, донесена по препорака на меѓународен одбор, не е во спротивност со другите истражувања во кои лековите се користат за нехоспитализирани пациенти или како превенција.
Во друго истражување СЗО го испитува и можниот ефект на лекот ремдесивир врз Ковид 19.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара