СЗО предупредува на најсмртоносните болести
Светската здравствена организација предупреди на незаразните болести што се причина за најмногу смртни случаи во светот и побара државите да ги засилат напорите за да постигнат цели поставени во 2015 година.
Во својата прва евалуација, СЗО нагласува дека „светот не е на патот да ги исполни целите“ на намалување на смртноста од незаразни болести до 2030 година.
– Постигнат е напредок, но многу ограничен, изјави Даглас Бечер директор на одделот за превенција на незаразни болести во СЗО. Тој додаде дека е потребна итна акција.
Незаразните болести убиваат повеќе од 40 милиони луѓе секоја година од кои 15 милиони на возраст меѓу 30 и 70 години. Повеќе од 80 отсто од тие смртни случаи се во категоријата „предвремени“.
Најголем број животи одземаат кардиоваскуларните болести – 17,7 милиони годишно, следуваат рак со 8,8 милиони, болести на дишните патишта – 3,9 милиони и дијабетес кој убива 1,6 милиони луѓе.
За да се промени ефикасноста на борбата против незаразните болести СЗО постави 19 цели меѓу кои – зголемена цена на цигарите, усвојување национални политики во поглед на конзумирање сол и промоција на доење.
Во извештајот се вели дека најмногу направиле Костарика и Иран со исполнети 15 од 19 цели. Следат Бразил, Бугарија, Турција, Британија...Ниту една цел не исполниле Ангола, Екваторијална Гвинеја, Гвинеа Бисао, Јужен Судан.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица