-->
-->
СЗО повторно предупредува да не се избрзува со укинување на мерките против коронавирусот
-->
Светската здравствена организација нема препораки за земјите и регионите за олеснување на мерките поради забавувањето на ширењето на пандемијата од коронавирусот.
-Но, од нив бараме да не ги укинуваат избрзано, изјави денеска портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер, пренесува Гласот на Америка.
„Едно од најважните упатства е да не се откажеме од мерките прерано за да не дозволиме повторно да ни се зголеми бројот на заболени, рече Линдмаер на виртуелниот брифинг со новинарите во Женева.
-Тоа е слично како и самите да се разболете и доколку станете прерано од кревет и прерано почнете да трчате, ризикувате да се вратите во кревет и да имате компликации“ додаде тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров