Свет
10. January 2021 - 10:24

СЗО: Повеќе од 799.000 новозаразени за еден ден

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека 799.712 нови случаи на коронавирус се потврдени во светот минатиот ден и дека вкупниот број случаи од почетокот на пандемијата надмина 87,58 милиони.

Според СЗО, повеќе од 15.400 луѓе починале од вирусот во изминатите 24 часа, а вкупно над 1,9 милиони луѓе починале од почетокот на пандемијата.

Најмногу заразени – повеќе од 55 проценти се во Северна и Јужна Америка, а потоа во Европа и Африка.