СЗО: Поради Ковид-19 двојно би можел да се зголеми бројот на смртни случаи од маларија
Поради проблеми со дистрибуцијата на мрежи против комарци и на лекови предизвикани од пандемијата со новиот коронавирус, од маларија годинава би можеле да починат околу 400.000 луѓе повеќе во споредба со минатата година, соопшти Светска здравствена организација.
СЗО наведе дека бројот на починати од маларија во Зимбабве бележи раст од речиси 50 проценти во однос на 2019 година.
– Голема е веројатноста пациентите заболени од маларија да останат во своите домови наместо да одат во боница, бидејќи се плашат да не се инфицираат со Ковид-19, изјави претставничката на Здружението на лекари за човекови права во Зимбабве, Норман Матара.
СЗО по повод Светскиот ден за борба против маларијата соопшти дека бројот на починати од маларија во африканскиот субсахарски регион годинава би можел да се искачи над 770.000, што е речиси двојно во споредба со 2018 година.
Маларијата за разлика од новиот коронавирус посебно ги погодува децата. Таа е заразна болест што се добива од каснување на комарец, носител на паразитот „пласмодиум“, што е присутен во тропските краеви.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари