Свет
8. May 2020 - 13:00

СЗО: Пандемијата може да усмрти 190.000 луѓе во Африка за една година

Во најновата студија на Светска здравствена организација се наведува дека од 29 до 44 милиони луѓе во Африка би можеле да бидат заразени со Ковид-19 во првата година од пандемијата, а од 83.000 до 190.000 би можеле да починат во истиот период.

Извештајот на СЗО е објавен откако почнаа да се укинуваат дел од рестриктивните мерки во најнаселената африканска држава – Нигерија, како и во Јужна Африка и во Брегот на Слоновата Коска.

СЗО наведува дека е можно инфекцијата со новиот коронавирус во Африка да биде присутна повеќе години.

Проекциите на СЗО се засноваат врз прогнозите од 47 држави во Африка со вкупно население од една милијарда луѓе. Во пресметките не се вклучени Египет, Либија, Тунис, Мароко, Еритреја, Сомалија, Судан и Џибути.