Loading Video...
Свет
18. December 2021 - 16:31

СЗО: Омикрон се шири значително побрзо од делта сојот

Омикрон досега е евидентиран во 89 земји, а бројот на заболени се удвојува на два три дена, соопшти Светската здравствена организација.

Омикрон се шири значително побрзо од делта сојот, велат од СЗО. Оваа мутација се шири брзо во земји со високо ниво на имунитет но се уште е нејасно дали тоа се должи на способноста на вирусот да го избегне стекнатиот имунитет или пак неговото високо ниво на зараза. Се уште нема доволно податоци и како реагира Омикрон на вакцинацијата.

Од СЗО предупредуваат дека оваа мутација може да ги преполни болниците.

Франција вчера воведе строги рестрикции за сите кои доаѓаат од Велика Британија. Досега, Британија е најпогодена во Западна Европа од новиот сој, а вчера беа регистрирани 15 илјади случаи со Омикрон. Дополнителни рестрикции од петокот воведоа и Германија, Ирска и Холандија. Властите во Италија, Грција и Португалија воведоа задолжителен ПЦР тест за влез во државата.