СЗО објави план за сузбивање на вирусот зика
Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави план за сузбивање на вирусот зика, вреден 56 милиони долари, кој опфаќа зајакнување на надзорот на неговото ширење, контрола на комарците и брзи истражувања со цел производство на вакцина и вопоставување дијагноза.
СЗО ќе учествува со 25 милиони долари во фондовите потребни за борба против вирусот, кој го пренесуваат комарците, а кој досега се прошири на 39 земји и е поврзан со вродени аномалии кај новороденчињата во Бразил.
- Потребни се истражувања со цел да се процени присуството на вирусот зика во семената и другите телесни течности, вклучувајќи ги и течностите поврзани со бременоста, како и за потенцијалното пренесување на вирусот по сексуален пат и од мајка на дете, се наведува во Рамката за стратешки одговор и Планот за заеднички операции, кои денеска се објавени во Женева.
- Можната поврзаност со невролошките компликации и вродените недостатоци брзо го изменија степенот на ризик од блага закана до вирус со мошне сериозни размери, наведе генералната директорка на СЗО, Маргарет Чен во денеска објавениот план.
СЗО очекува дека финансиските средства ќе ги обебзедат државите членки и други донатори.
Здравствената агенција на ОН на 1 февруари прогласи глобална вонредна ситуација поради ширењето на вирусот зика, кој е поврзан со две невролошки нарушувања, микроцефалија кај бебињата и Гилен-Баровиот синдром, кој може да предизвика парализа.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација