СЗО објави листа на најопасни бактерии
Светската здравствена организација (СЗО) ја објави листата на 12 најопасни бактерии за луѓето, наведувајќи дека лекарите брзо ги губат опциите за лекување.
На прес-конференцијата на СЗО во Лондон наведено е дека листата има за цел да го промовира развојот на медицината во случајот за најопасните бактерии што се отпорни на лекарства, влучителни и салмонелата и златната стафилокока.
Експерот на СЗО Мари-Пол Киени истакна дека антибиотиците што се потребни веднаш, нема да бидат развиени на време, доколку овој проблем го решава пазарот.
Наводите на СЗО покажуваат дека најпотребни се нови лекови за сузбивање на бактериите што претставуваат опасност за болниците, домовите за стари лица и пациентите кои имаат потреба од кислород.
Организацијата предупреди дека бактериите од оваа листа се се почесто отпорни на лекарства и можат да предизвикаат смртоносни инфекции.
Критични групи се:
- Acinetobacter baumannii, резистентни на карбапенем.
-нPseudomonas aeruginosa, резистентни на карбапенем.
Enterobacteriaceae, излачува бета-лактамаза, резистентни на карбапенем.
Висок ризик:
- Enterococcus faecium, отпорни на ванкомицин.
- Staphylococcus aureus, резистентни на метицилин и ванкомицин.
- Helicobacter pylori, отпорна на кларитромицин.
- Campylobacter spp, отпорни на флуорокинолон.
- Neisseria gonorrhoeae, отпорни на цефалоспорин и флуорокинолон.
Среден ризик:
- Streptococcus pneumoniae, резистентна на пеницилин.
- Haemophilus influenzae, отпорна на ампицилин.
- Shigella spp, резистентна на флуорокинолон.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората