СЗО: Неправилното користење на маските повеќе штети отколку што користи во заразата со коронавирусот
Првите луѓе на Светската здравствена организација и натаму на луѓето им препорачуваат да не носат маски за лице, освен ако не се заразени со коронавирусот или негуваат болни.
Директорот на СЗО за вонредни ситуации Мајкл Рајан изјави дека не постојат конкретни докази кои би сугерирале дека масовното носење маски носи потенцијална корист, но истакна дека неправилното користење може да донесе повеќе штета отколку корист во борбата против ширењето на коронавирусот, пренесе Си-Ен-Ен.
Тој истакна дека СЗО верува дека маските треба да го носат луѓе кои се болни и здравствените работници, на кои им се неопходни.
-Постои и глобален проблем од недостиг на маски и други медицински препарати за заштита. Луѓе кои најмногу се изложени на ризик се здравствените работници, кои секоја секунда во денот се изложени на опасноста. Помислата дека немаат маски е ужасна, кажа Рајан на брифинг со новинарите во Женева.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд, грмежи и ветер
-
ПП-Демократска Бугарија го доби мандатот за формирање влада и веднаш го врати нереализиран
-
Пожар на дел од куќа во Кавадарци
-
Еден отстранет и дисциплинска за петмина полицајци за инцидентот пред тетовската болница
-
Пронајдено двегодишно девојче кое исчезна во Сиднеј
-
Им дал 800 евра а за возврат му ветиле дијаманти, измамен кумановец во Скопје
-
Избоден маж на Бит Пазар поради недоразбирање во сообраќајот