Свет
8. October 2015 - 8:53

СЗО: Нема нови случаи на ебола

Светската здравствена организација соопшти деа минатата недела не е регистриран ниту еден нов случај на ебола. Тоа е првпат цела недела да нема нови случаи на таа болест откако во Западна Африка изби епидемија во март минатата година.

СЗО наведува дека Сиера Леоне, држава која најтешко беше погодена, наскоро може да биде без заболени од таа болест.

Во Гвинеја сепак, има уште 550 случаи кои се следат и каде постои ризик од ширење на боелста. Од почетокот на епидемијата лани, од ебола животот го загубија повеќе од 11 илјади луѓе.