СЗО: На децата треба да им се ограничи времето поминато пред ТВ екран
На децата на возраст од две до четири години не треба да им се дозволи да седат пред ТВ екраните повеќе од еден час дневно, а бебињата помлади од една година воопшто не треба да бидат изложени на електронски уреди, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Агенцијата на Обединетите нации, која ја издаде првата таква препорака, вели дека децата под петгодишна возраст, исто така, треба да бидат физички активни и да имаат соодветен сон, за да развијат добри животни навики и да спречат дебелеење и други болести во подоцнежниот живот.
Седењето пред екранот вклучува гледање телевизија или видео игри и играње на компјутерски игри.
Деца на возраст од една до четири години треба да поминат најмалку три часа во различни физички активности поделени во текот на денот.
Децата помлади од една година треба да играат на подот и да ги избегнат сите ТВ екрани, се вели во соопштението на СЗО.
Ново на Сител
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност