СЗО: Месните преработки предизвикуваат рак
Светската здравствена организација соопшти денеска дека месните преработки, како што се сланината, шинката и колбасите, може да бидат причина за појава на рак.
Во заклучоците на извештај се поддржуваат „препораки за ограничено внесување месо“.
Извештајот го направиле 22 експерти од десет држави.
Според СЗО, месото се обработува на начин на кој му се продолжува рокот на траење или вкусот, со стврднување, додавање сол или конзерванси. Тие додатоци го зголемуваат ризикот од канцер додека високата термална обработка како што е - скара, може исто така да создаде канцерогени хемисти материи.
Во извештајот на Меѓународната агенција за истражување на кацнерот (IARC) во СЗО, со седиште во Лион, се вели дека и црвеното месо во целина е „најверојатно кацерогено“ иако за тоа постојат ограничени докази.
Наведено е дека само 50 грама месни преработки дневно – што е помалку од две парчиња сланина, го зголемува ризокот за развој на карцином на дебелото црево за 18 отсто.
Сепак, СЗО смета дека месото може да биде и корисно за здравјето и оти тие заклучоци може да им помогнат на државите при давањето урамнотежени совети за исхрана.
– Таа одлука не значи дека треба да престанете да јадете месо и преработки, но ако многу конзумирате можеби би требало да размислите за редицирање, вели Тим Кеј, професор од британската Агенција за истражување на канцерот, и додава дека здравата храна подразбира умереност.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор