Loading Video...
Свет
6. јуни 2020 - 21:06

СЗО: Маските може да станат причина за ширење на болеста ако луѓето постојано ги допираат без да ги мијат рацете

Американскиот претседател Трамп смета дека секој американец без разлика на боја на кожа, пол или раса, за сите полицијата треба да има еднаков третман. Ваквата изјава доаѓа ден по погребот на афроамериканецот Џорџ Флојд кој почина при апсење. Според Трамп ова бил одличен ден за Флојд иако не прецизира на што мисли со таквата изјава.

Во меѓувреме продолжуваат протестите против полициската бруталност и расизмот во соединетите американски држави. Демонстрациите во Отава ги поддржа и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Светската здравствена организација препорачува задолжително носење маски на јавни места каде постои ризик од пренесувањето на коронавирусот. Според привот човек на СЗО на тој начин значително се намалува ризикот од зараза и ширење на пандемијата.

Од СЗО додаваат дека маските може да станат и причина за ширење на болеста ако луѓето постојано ги вадат или ставаат  без да ги мијат рацете.

Грција од денеска дозволува гости да престојуваат и во затворените делови на угостителските објекти.. На плажите ќе почне да се служи алкохол а може да се пушта и музика. Грчките власти велат дека олабавувањето на мерките е дел од планот за постепено враќање во новата нормалност.

Од почетокот на идната недела, во Грција ќе бидат отворени ноќните клубови, коцкарниците и фитнес центрите. По тримесечна пауза, од денеска почнува и грчкото фудбалско превенство.