СЗО: Луѓето да носат маски од ткаенина за лице
Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги ажурираше своите упатства и им препорача владите да ги замолат сите да носат маски за лице од ткаенина во јавност во области каде постои ризик да го пренесат Ковид-19, со цел да помогнат при намалување на ширењето на пандемијата.
Во своите нови упатства, поттикнати од докази од студии спроведени во последните неколку недели, СЗО истакна дека маските за лице се само една од низата алатки кои можат да го намалат ризикот од пренесување на вирусот и не треба да даваат лажно чувство на заштита.
– Ги советуваме владите да ја охрабрат јавноста да носи маски. И тоа маска од ткаенина, односно не медицинска маска, рече експертот за Ковид-19 во СЗО, Марија Ван Керков.
– Имаме нови истражувачки сознанија, додаде таа.
– Сега имаме докази дека ако се користи правилно, маската може да обезбеди бариера … за потенцијално заразните капки, посочи Керков.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор