СЗО издаде привремени препораки за мешање на вакцините против Ковид-19
– Светската здравствена организација (СЗО) синоќа издаде привремени препораки за употреба на вакцините против Ковид-19 од различни производители како втора или засилувачка доза.
Во зависност од достапноста, вакцините со mRNA, како што се оние на Фајзер и Модерна, може да се користат како дополнителна доза по почетната доза на векторската вакцина АстраЗенека и обратно, соопшти оваа глобално здравствено тело.
АстраЗенека и која било од mRNA вакцините може да се користат и по првичната доза на инактивираната вакцина на Синофарм, соопшти СЗО.
Вакцините со вирусен вектор содржат инструкции за генерирање на антигени на коронавирусот, додека вакцините со mRNA користат код од SARS-CoV-2, коронавирусот што предизвикува Ковид-19, за да предизвика имунолошки одговор кај примателот.
Вирусот САРС-КоВ-2 се користи за инактивираните вакцини, што се умртвуваат или убиваат со хемикалии, топлина или зрачење.
Ново на Сител
-
Каевски: Речиси сите осомничени во аферата „Криминални парцели“ се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ
-
Вонреден коалициски совет во Софија за Северна Македонија
-
МТСП: Во понеделник почнува исплатата на мајските пензии, со дополнителни 1000 денари финансиска поддршка
-
Левица: Вработените во градинките априлската плата ќе ја земат во јуни
-
Регистриран земјотрес на подрачјето Тетово-Гостивар
-
Пресретната комуникација на Веља Невоља на „Sky“: Живи ќе ги гризам и ќе го јадам месото
-
Пендаровски – Галовеј: Македонско-британските односи се во постојана нагорна линија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Автократот Џафери не е достоен за претседател на Собрание