Свет
23. November 2020 - 19:16

СЗО: Итно потребни уште 4,3 милијарди долари во спротивно сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус и побара итно дополнително финансирање.

Тој рече дека на глобалната програма за дистрибуција на вакцини и требаат уште 4,3 милијарди долари.

Неколку десетици земји го потпишаа планот Ковакс, кој беше воспоставен од СЗО и алијансата за вакцини ГАВИ, за да добијат вакцини во земјите кои немаат пари да ги купат. Досега се собрани пет милијарди долари, вклучително и над 600 милиони долари дадени од Германија.