Свет
7. July 2020 - 10:31

СЗО го разгледува извештајот за нови препораки за заштита од Ковид-19

Светска здравствена организација (СЗО)  го разгледуваа извештајот на околу 300 научници, кои бараат нови препораки за заштита од новиот коронавирус.

Во отворено писмо 239 научници од 32 држави  изнесуваат докази дека новиот коронавирус може да помине долго растојание, а малите честици се задржуваат во воздухот, поради што бараат нови препораки од СЗО.

Писмото на научниците е објавено вчера во списанието „Клинички инфективни болести“.

– Знаеме за истражувањето и го разгледуваме со експертите, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јасаревик.

Но, се уште не е познато колкава е зачестеноста на ширењето на Ковид-19 со помали аеросоли во споредба со поголемите капки. Промена во проценката на СЗО за ризикот од пренесување на вирусот ќе влијае на препораката за растојание од најмалку еден метар. Владите кои ги применуваат препораките на СЗО, исто така, ќе треба да ги променат мерките за заштита, но откако експертите од СЗО ќе ги потврдат доказите дека вирусот се пренесува преку аеросоли.