СЗО ги промени препораките за вакцини против Ковид-19
Светската здравствена организација (СЗО) ги промени препораките за вакцини против Ковид-19, сугерирајќи дека високоризичните популации треба да добијат дополнителна доза 12 месеци по последниот бустер.
Според СЗО, постарите луѓе се изложени на висок ризик, како и помладите луѓе кои имаат други значајни фактори на ризик. За нив, организацијата препорачува дополнителна доза шест или 12 месеци по последната доза.
СЗО ги идентификуваше здравите деца и млади луѓе како групаод „низок приоритет“ и ги повика земјите да разгледаат фактори како што е оптоварувањето со болести пред да препорачаат вакцинација за луѓето од оваа категорија. Според организацијата, рутински не се препорачуваат дополнителни дози за засилување по почетната серија од две дози и бустер за луѓе со „умерен ризик“.
Ново на Сител
-
Утре попладне нестабилно со пороен дожд
-
Белингем против Македонија како играч на Реал Мадрид
-
Меси се сели во САД
-
Почувствуван земјотрес во Пехчево и Берово
-
Османи: ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени
-
Украинско МО: Ова е Херсон денеска - го гранатираа, поплавија, но не успеаја во ништо
-
Столтенберг: Белград и Приштина да ја деескалираат ситуацијата и да се вклучат во дијалог со поддршка на ЕУ
-
Џафери: Мора да се ослободиме од размислувањата дека националните малцинства се грижа на нивните „матични држави“