СЗО: Државите од Блискиот Исток да споделат информации за епидемијата
Светска здравствена организација (СЗО) упати апел до блискоисточните земји да споделат информации за заразените луѓе со новиот коронавирус, со цел да биде поефикасна борбата против епидемијата во регионот.
Регионалниот директор на СЗО за Источен Медитеран, Ахмед ал Мандхари изјави дека треба да се подобри пристапот до информации за епидемијата со Ковид-19 на Блискиот Исток, што ќе и овозможи на Организацијата внимателно да го следи ширењето на вирусот во тие земји и да примени поефикасни мерки за јавното здравје.
Тој додаде дека државите од регионот ги интензивирале набљудувањето, тестирањето и пружањето на поддршка за семејствата на заболените, но оти треба многу повеќе да се направи за да биде поуспешна борбата против Ковид-19.
Бројот на инфицирани со новиот коронавирус, со исклучок на Иран, во блискоисточните земји е релативно мал во споредба со Азија и Европа, но претставници на СЗО стравуваат дека луѓето во тој регион помалку се тестираат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица