СЗО: Бремените жени може да се вакцинираат против Ковид-19
– Светската здравствена организација ги смени препораките за вакцинација против Ковид-19 и со новите правила, експертите велат дека бремените жени исто така можат да се имунизираат, се додека не се од групи со висок ризик.
Промената се случи непосредно по негативните коментари за СЗО, дека „не препорачуваат вакцинација на бремени жени“ со вакцините на Фајзер и Модерна.
Експертите изразија широко незадоволство од првичната позиција на организацијата.
Бремените жени традиционално се исклучуваат од какви било клинички испитувања, и вакцини и лекови. Сепак, тие се вакцинираат слободно од 60-тите години на минатиот век. За нив се собираат податоци од нови лекови и вакцини по нивното пуштање во масовна употреба.
Фајзер соопшти дека ќе спроведе дополнително клиничко испитување на својата вакцина врз бремени жени. Модерна има намера да направи регистар на имунизирани идни мајки во кој ќе следи евентуални несакани ефекти.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација