Живот
14. March 2019 - 13:13

Свршеникот на Џенифер Лопез уловен со модринка под окото

По информациите дека ја изневерува Џенифер Лопез, нејзиниот свршеник Алекс Родригез е фотографиран со модринка под окото.

Во тој миг тие биле на аеродром во Мајами по пристигнувањето од престој на Бахамите.

Поранешниот бејзбол-играч неодамна ја запроси поп-дивата, а по само неколку дена во медиумите се појавија гласини дека тој се гледа со други девојки.