Македонија
26. October 2021 - 12:32

СВР Тетово: Приведен човек кој сакал да прегази полицајци

Тетовската полиција информира дека вчера бил приведен 20-годишник кој се обидел да прегази полицајци. Младиот човек прво одбил да се легитимира, а потоа и го стартувал возилото. – Околу 21:50 часот,  на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 20-годишниот тетовец А.М., кој дваесетина минути пред тоа одбил да се легитимира и се однесувал агресивно кон нив на улица „Борис Кидрич“.

Таму бил паркиран со неговото патничко моторно возило „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски ознаки. Во еден момент тој го стартувал возилото и се обидел да ги прегази полициските службеници.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.