СВР Тетово почна проект за безбедно управување со мопед
Одделот за превенција при Секторот за внатрешни работи во Тетово денеска почна со реализација на превентивно-едукативниот проект „Безбедно управување со мопед“.
Според полициската статистика, минатата година се случиле 56 сообраќајни несреќи со моторциклисти од кои во поголемиот дел учесници биле малолетници.
Целта на проектот е да се намали оваа бројка и да се едуцираат учесниците во сообраќајот, особено младите.
– Проектот предвидува предавања за учениците од прва година во сите средни училишта, а секоја втора сабота во месецот до крајот на оваа година ќе се одржуваат сообраќајни поуки за моторциклистите во полициските станици во Тетово и во Гостивар, изјави самостојниот инспектор по сообраќај и превензија Илија Ѓурчиновски.
Според заменик командирот на полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Бесир Ќалими, моторциклистите и другите учесници во сообраќајот мора да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи бидејќи во спротивно следуваат санкции.
Полицискита станица за безбедност на сообраќајот апелираше посебно до родителите на малолетниците да не дозволуваат децата да бидат дел од сообраќајот се додека не положат возачки испит.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата