Македонија
30. April 2018 - 18:13

СВР-Штип со апел за првомајскиот излет

Секторот за внатрешни работи Штип денеска со апел до жителите на источниот регион по повод претстојниот празник на трудот, кога традиционално се излегува на излет во природа. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во апелот наведува граѓаните да си ги заштитат своите домови од крадците, а возачите да не возат под дејство на алкохол и да не претекнуваат во подолги колони и на непрегледни места.

- Брзината на возилата да ја приспособат на состојбата на патот, со цел нивна безбедност и безбедност на останатите учесници во сообраќајот, вели Панајотова.

Причината за овој апел е и тоа што минатата година источниот регион беше втор во земјава по бројот на жртви на патиштата. 30 лица ги загубија животите во сообраќајни несреќи. Во рамите на апелот е и излетниците да не го остваат отпадот на излетничките места, а исто така и да се внимава и на движењето низ нив, со цел да нема пожари.