Македонија
6. April 2017 - 16:53

СВР Куманово: Расправија за музичка желба е причина за нападот во кафената во Куманово

Пратеникот Максим Димитриевски претепал 23 годишен кумановец.. Синоќа двајцата биле гости во ресторан во кумановската населба Вера Которка.. Од Министерството за внатрешни работи велат дека причина за инцидентот била музичка желба..

Според соопштението на МВР, групата свирела песна по барање на 23 годишникот но по кратко време ја прекинала.. Момчето веднаш се упатило кон музиката, но таму бил и пратеникот Димитриевски.. По кратката вербална расправија, Димитриевски физички го нападнал младиот кумановец.. Го удрил со два бокса во пределот на главата.. Од ударите, 23 годишникот се здобил со телесни повреди.. Веднаш по инцидентот интервенирала кумановската полиција.. Пред полициските службеници, настанот го потврдиле присутните гости во ресторанот..

Инцидентот денеска го осуди ВМРО-ДПМНЕ.. Во писменото соопштение наведува дека мора да се санкционира насилството кое го практикуваат високи функционери на СДСМ..

- Врв на криминалното и насилничко однесување на злосторничкото здружение околу криминалецот Зоран Заев е вчерашниот срамен физички напад од страна на пратеникот Максим Димитриевски.. Насилникот Димитриевски, без никаков повод и причина се дрзнал со тупаници да нападне и да се пресмета со 23 годишно момче само заради тоа што не му се допаднала македонската песна која што била нарачана. Овој скандал мора да се расчисти до крај, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ..

За настанот со своја реакција излезе и СДСМ.. Во писмениот допис, партијата наведува дека всушност пратеникот Димитриевски бил физички нападнат..

- Насилството врз легитимно избрани претставници од граѓаните е израз на немоќ на засегнатите од демократските промени што носат правда за сите во Македонија. Најостро го осудуваме физичкиот напад врз пратеникот Максим Димитриевски од, како што се информира, неколкумина полициски службеници, облечени во цивилна облека.Бараме инстистуциите веднаш да постапат и да има одговорност за нарачателите и извршителите на инцидентот, пишуваат во соопштението од СДСМ..

Од минстерството за внатрешни работи велат дека пријавениот настан е веќе расфетлен и против пратеникот Максим Димитриевски ќе се поднесе соодветна пријава..