Македонија
25. February 2020 - 14:46

СВР Куманово поднесе кривична пријава против четири лица за насилство

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.М.(19), Ѓ.М.(23), двајцата од с. Черкези, кумановско, против М.С.(17) од с. Ропалце, општина Липково и Х.А.(25) од с.Ваксинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Пријавените на 31.12.2019 трговски центар „Гарнизон“ на улица „Гоце Делчев“ физички го нападнале Д.Ф. и му нанеле тешка телесна повреда.