СВР-Битола пронајде и одзеде 23 килограми марихуана
СВР-Битола информира дека синоќа околу 22:00 часот на патот меѓу селата Стење-Царев Двор, во близина на селото Козјак, ресенско, по добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Битола ги затекнале лицата Б.Г (46 г.) и В.А (56 г.), двајцата од Република Албанија, со живеалиште во Охрид.
Посочените лица, со товарно возило „Мерцедес Вито” со бугарски регистарски ознаки и едно лице кое управувало патничко возило „Мерцедес“ побегнало од местото, при што во близина на селото Долна Бела Црква од возилото фрлило две торби со околу 23 килограми марихуана.
Лицата Б.Г. и В.А. се приведени и задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Товарното возило „Мерцедес Вито“, торбите со марихуана и други предмети се одземени за понатамошна постапка. СВР-Битола преземаат мерки за пронаоѓање на третото лице и патничкото возило и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата