Македонија
16. February 2017 - 15:10

СВР-Битола: Намален бројот на сообраќајни незгоди

СВР-Битола соопшти дека бројот на сообраќајни незгоди е намален за 10,98 насто, а за 3,6 насто зголемен е бројот на прекршоците од областа на јавниот ред и мир. Според показателите на СВР-Битола во втората половина од минатата година, безбедносната состојба на подрачјето на полициската станица со општа надлежност во Битола, се оценува како поволна.

Во второто полугодие од минатата година, како што информираат од СВР Битола, биле организирани три јавни протести без нарушување на јавниот ред и мир, регистрирани се 115 други прекршоци во градот и населените места за што се поднесени прекршочни пријави, а најчеста причина биле влошени меѓучовечки односи, нерешени имотно правни односи, нарушени семејни односи или нарушување на јавниот ред и мир од лица под дејство на алкохол.

Во второто полгодие од минатата година намален е бројот на сообраќајни незгоди.

Во 146 регистрирани сообраќајни незгоди, животот го загубиле четири лица, а 73 се здобиле со телесни повреди. Најголем дел од сообраќајните незгоди или вкупно 102 се случиле во населено место, а 44 на отворен пат. Во второто полугодите од 2016 година извршена е контрола на 11.818 возила и возачи и притоа од сообраќај биле исклучени 289 возила.

Од СВР-Битола посочуваат дека ќе продолжат со превентивни мерки, јавни акции и кампањи за подобра безбедност во сообраќајот, како и подобар јавен ред и мир во градот.