Македонија
31. March 2018 - 18:29

Свлечиште на патот Макази-Маркова Нога, сообраќајот по една лента

На патот Макази – граничен премин Маркова Нога поради свлечиште кај местото викано Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).                  

На  местото е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема уловите на патот.