Loading Video...
Тенис
2. November 2019 - 17:44

Свитолина и Барти во финалето на завршниот ВТА турнир

Во финалето на завршниот ВТА турнир година што се игра во кинескиот град Шенжен ќе играат, Елена Свитолина и Ешли Барти . 
 
Украинката Свитолина која минатата година беше најдобра на завршницата во Сингапур, своето место во финалето во Шанжен го обезбеди откако нејзината противничка Белинда Бенчич го предаде полуфиналниот меч во последниот трет сет при водство на противничката со 4-1. 
 
Иако првиот сет го доби Бенчич со 7-5, а вториот Свитолина со 6-3, во решавачкиот трет сет швајцарската тенисерка поради реши да го предаде мечот. 
 
Така на патот до одбраната на титулата од лани, а воедно и прва годинава Свитолина ќе ја има светската тенисерка број 1, Ешли Барти од Австралија која со пресврт го доби полуфиналниот меч против Каролина Плишкова од Чешка со 4-6, 6-2 и 6-3.