Loading Video...
Свет
27. September 2019 - 22:08

Свиркачот кој го разоткри Трамп е службеник на ЦИА

Свиркачот чија жалба доведе  до истрага за импичмент на претседателот на САД Доналд ТРамп  е службеник на ЦИА објави Њујорк Тајмс.  

Неговиот идентитет се држи во тајност. Според весникот  тој претходно   работел во Белата куќа. Во жалбата упатена до Конгресот, свиракочот го обвинува Трамп  за злоупотреба на власта со цел политичка корист. 

Обвинувањето го темели на основа на телефонскиот разговор кој Трамп го водел со лидерот на Украина Зеленски на 25 јули а инфромацијата ја добил преку неговиот колега соопшти комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на конгресот.

Њујорк Тајмс објави аудио снимка во која Трамп вели дека човекот кој му помогнал на свиркачот личи на шпион.