Спорт плус
14. November 2022 - 20:16

Светско злато за Оливера Наковска -Бикова на мундијалот во Ал Аин

Македонската параолимпијка  Оливера Наковска Бикова, освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината П4-Пиштол слободен избор.
 
Во квалификациите Бикова  испука одличен резултат од 538 (најдобар во нејзината кариера) со што го освои второто место и си обезбеди пласман во финалето каде Оливера по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и успеа да оди до крај, до последниот куршум, иако финалето беше драматично и мошне квалитетно.