Бизарно но вистинито
1. April 2016 - 11:57

Светско чудо: Се роди прасе со 8 нозе

Во аргентинско село се роди прасе со 8 мозе, популарно наречено „пајак - свиња“ кое го шокираше светот.

Популарниот анимиран филм „Симпсонови“ како да го предвиде тоа што всушност се случи - родено е прасе со тешки мутации- дуплиран број на нозе. Меѓутоа на изненадувањето тука не му беше крајот, зошто маторицата роди и прасе со две усти.

Аргентинецот Сантијаго Валдез Ел Галпон, бил зачуден кога открил дека свињата родила прасе со осум нозе, но тоа немало многу среќа и угинало неколку часа по раѓањето.

Иако овој феномен ја заинтригира целата планета, аргентинските генетичари и биолози не се заинтересираа за откривање на оваа необична појава.

Биолошките феномени од овој тип не се ретки во Јужна Америка, имено родени се неколку мутирани животни како теле со три нозе, кое имало рогови наместо глава.