Свет
22. April 2016 - 9:38

Светските лидери ќе потпишат договор за климатските промени

Светските лидери денеска ќе се сретнат во седиштето на ОН во Њујорк со цел да го потпишат Парискиот договор за климатски промени и натамошно поттикнување на борбата протиб глобалното затоплување.

Парискиот договор произлезе како заклучок на Конференцијата за климатски промени, која се одржа кон крајот на минатата година во Париз на највисоко ниво и на која учествуваа повеќе од 140 претседатели на држави и влади.

На денешното потпишување на овој важен документ ќе учествуваат претставници на повеќе од 165 држави, што е досега најголем број на земји кои во еден ден ќе потпишат некаков меѓународен договор.

Церемонијата, која се одржува на Денот на планетата Земја, е организирана по четири месеци откако во Париз по повеќедневни напорни разговори е потпишан договор и претставува прв чекор кон обврзување на земјите да ги почетуваат ветувањата за намалување на емисиите на штетни гасови.