Loading Video...
Спорт плус
24. February 2019 - 14:59

Светскиот првак Кристоферсон победи на велеслаломот во Банско

 
 
Норвежанецот, Хенрик Кристоферсон победи на велеслаломската трка што се одржа во Банско,Бугарија. 
 
Кристоферсон до својата само втора победа сезонава во оваа дисциплина стигна за само 4.сторинки побрзо од големиот ривал и лидер во севкупниот Генерален пласман, Марсел Хиршер од Австрија. Првиот триумф во велеслалом, Норвежанецот го имаше на Светското првенство одржано неодамна во Оре, каде се закити со златото. 
 
Трет со 39.стотинки послабо време беше Французинот, Томас Фара. 
 
Хиршер сега има 2018 бодови повеќе од Кристоферсон во поредокок во велеслалом, а дури 600-тини повеќе во севкупниот Генерален пласман во кој Норвежанецот е трет зад Алекс Пинторо од Франција.