Македонија
25. October 2017 - 17:56

Светскиот готвачки врв во Струмица

Светскиот готвачки врв е во Струмица. Под мотото ,, Залче од светските вкусови,, околу 300  врвни кулинаски шефови од преку 30 држави почнаа да ги презентираат нивните гастрономски магии. Во наредните три дена во рамки на вториот  интернационален гастрономски натпревар ГастроМак Македонија 2017 големите готвачи ќе ги презентираат нивните вештини во 33 категории поделени во четири сегменти. За најдобрите ќе одлучуваат шеесетина интернационални мастер шеф судии.

,, Низ развојот на гастрономијата и природните ресурси што ги има Македонија може да стане центар на туризмот. И затоа јас сметам дека оваа манифестација во овој град , во оваа земја треба да биде традиционална со оглед на тоа дека еден мал град Ерфурт во Германија кој можеби е како Струмица годишно собира преку милион луѓе само на еден фестивал. Мислам дека Балканот го заслужува тоа и дека ние ги имаме сите можности тоа и да го оствариме.,, рече Ѓорге Костиќ – претседател на жири комисија

Вториот интернационален гастрономски натпревар е во организација на  асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија Гастромак . По обемот, но и по квалитетот на имињата кои учествуваат овој натпревар  е најголемиот од ваков вид било кога одржан не само во Македонија туку и во поширокиот регион. За време на петте дена колку што ќе трае целиот настан предвидени се и повеќе мастер класови кои ќе бидат одржувани од страна на десетина експерти со мастер шеф титула.