Македонија
18. April 2018 - 15:25

Светскиот ден на книгата и авторското право одбележан во Битола

- Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола денеска  го одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право 23 Април со промоција на книгите „Стандарден македонски јазик“ од проф. Виолета Јанушева и „Академско пишување 1“ на Јанушева и проф. Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Светскиот ден на книгата и авторското право е традиционален празник и значаен датум за Универзитетската библиотека  во Битола, посочи директорката Јелена Петровска. 

- Годинава празнуваме со две нови значајни дела кои се посебно важни за академската заедница, а дополнителен квалитет е тоа што потписници на делата се претставници на академската заедница, рече Петровска во поздравното обраќање. 

Книгите ги промовираа професорите Људмил Спасов, Димитар Пандев, Добри Петровски и Ирина Петровска.