Македонија
11. July 2018 - 16:27

Светски познатиот сопран Романката Елена Мошуц на отворањето на Охридско лето

Со настап на Романската оперска дива Елена Мошуц задно со тенорот Калин Братеску под диригентство на маестро Николае Молдовeану и оркестарот на Македонската филхармонија утре стартува  најпрестижната културна манифестација фестивалот Охридско лето. Мошуц која критиката  ја вбројува меѓу петте најдобри сопранистки на денешницата, за прв пат доаѓа во Македонија.

Сцената на „Охридско лето“ и годинава ќе блесне со најпознатите светски  уметници, а Охрид ќе биде центарот на светските уметнички достигнувања.

Од охридско лето најавија дека се е подготвено за претстојните 40 дена возбуда што пред бројната фестивалска публика ќе ја донесат повеќе од 800 уметници од 27 држави од Европа и целиот свет.