Светски ден против злоупотреба на детскиот труд
Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден за борба против злоупотребата на детскиот труд.
Фокусот годинава е ставен на злоупотребата на децата во синџирите за набавка. Според Меѓународната организација на трудот, 168 милиони деца работат во сите сфери, од земјоделство до производство и градежништво.
Како што соопшти Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, во Македонија, над 18.500 деца не одат во школо, а повеќе од 2.000 секојдневно се на улица, во нечовечки услови и нивниот труд се злоупотребува. Овие деца се од различни националности и возрасти, но најбројни се Ромите.
Потенцијални жртви се децата од сиромашни семејства или од фамилии со низок социјален статус.
„Меѓаши“ бара задолжително и бесплатно предучилишно образование за децата чиј труд е потенцијално во ризик од злоупотреба.
- Со години укажуваме дека државата треба овие деца да ги вклучи во училиште и на тој начин да им помогне да стекнат знаења, вештини, да се описменат, да се тргнат од заробеништвото во кое се наоѓаат. Доколку се вклучат во образовниот процес и им се дадат социјални бенефиции, шансите се големи да се преместат од крстосниците во школските клупи. Образованието ги оспособува децата да стекнат знаење за нивните основни права и да го сфатат својот потенцијал, наведува „Меѓаши“.
Едно дете вклучено во раните години во предучилишно образование, ќе значи, укажува Амбасадата, едно дете помалку на улица.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд