Македонија
7. April 2020 - 14:38

Светски ден на здравјето; Филипче: Вие сте на пиедесталот; Мицкоски: Голораки се борите со пандемијата

Македонско лекарско друштво на Светскиот ден на здравјето повикува  на максимална заштита на здравствените работници во ова време на пандемијата која го парализира светот. За првпат во своето 70 годишно постоење организацијата  нема традиционално да го  одбележува овој ден, стои во пораката на претседателот на организацијата, доктор Горан Димитров, во која се упатува благодарност до сите оние кои се вклучени во борбата против корона вирусот.

Светската медицинска асоцијација секојдневно укаува на мерките и ги охрабрува своите членки – Лекарските асоцијации во светот да бараат од своте Влади да обезбедат највисоко ниво на заштита за здравствените работници кои се грижат за своите пациенти .Повекето тоа го работат во услови без минимален стандард , а тоа се случува дури и во најрзавиените земји на светот, стои во апелот на лекарското друштво.

И министерот за здравство Венко Филипче во видео порака  потсети дека здравството и здравствените работници се клучниот столб во државата. Тој им порача на колегите да се  грижат за  своето здравје и да останат заштитени на работното место и надвор од него за да можат и натаму да се грижат за пациентите.

,,Знам дека во моментов носите огромен товар. Заморот полека не стига сите, а не чекаат уште тешки денови. Но јас верувам дека секој од вас знае колку е важно да издржиме, да останеме посветени, сконцентрирани и да дадеме се од себе да им помогнеме на нашите сограѓани.''

Отворено писмо до медицинскиот персонал и сите оние кои се во првите редови во борбата против епидемијата  упати и лидерот на опозицијата. Мицкоски истакна дека во моментов политиката не е важна туку хуманоста.

,,Вашиот деноноќен труд спасува животи, и додека за време на полицискиот час секој од нас е дома со семејствата, вие сте на работните места и помагате. Не може човек, а да не се поклони кон величенственото дело кое го правите за нашата земја и овој народ, со чест и сила која нè прави горди. Во моите мисли се луѓето во белите мантили, како и полицајците, оние кои го одржуваат редот и мирот, напиша Мицкоски  по повод мегународниот ден на здравјето.''