Македонија
2. April 2017 - 11:25

Светски ден на свесноста за аутизмот

Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден на свесноста за аутизам.

Втори април се одбележува како светски ден од 2008 година.  Воведен е со одлука на Генералното собрание на ОН, а Македонија се вклучи во одбележувањето од 2010 година.

Датумот 2 април е избран во 2007 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации, со цел да се сврти светското внимание кон аутизмот како растечки глобален здравствен проблем.