Бизнис
18. October 2019 - 20:37

Светски ден на претприемништво - улога на банките и државата во неговиот развој

Поголема подршка од банките но и од државата. Унивезритетските професори со препорака што е потребно за да се подобри состојбата со претприемништвото. Велат банките најчесто финансиски ги помагаат големите фирми , но 90 отсто од стопанството го сочинуваат малите и средни бизниси. Затоа сметаат дека банкарите треба да почнат да нудат поволни финансиски пакети кои ќе им помогнат и за  старт и за  развој  на бизнисте, а подршката од владата да се унапредува.

Странските експерти пак сметаат финансиска подршка од банките треба, но не и од државата особено да не се финансираат бизниси кои работат подолго време на пазарот.

Останатите проблеми поради кои трпи македонското претприемништво се недоволната едукација во обраозванието, иселувањето, слабата иноватиност, а неопходно е и да се ослсни постапката за отворање на нови фирми.

Според податоците годишно во земјава се отвораат околу 6.000 фирми, но приближно толку е бројот и на оние кои ставаат клуч на врата.