Македонија
3. May 2019 - 16:31

Светски ден на медиумите - се барат повеќе права и услови за работа

Продолжување на политиката на немешање во работата на медиумите и подобрување на условите и стандардите за работа на новинарската фела.

На светскиот ден на слободата на медиумите, од Владата се заветија дека во следниот период ќе работат уште повеќе, за обезбедување поквалитетен амбиент за медиумските работници.

Според министерот Манчевски, за подобрување на работата на медиумите значително допринел и Законот за аудио и аудивизуелни медиумски услуги, но претстојат и клучните реформи.

Силни заложби за реформи во медиумите очекуваат и четирите македонски медиумски организации. Од еснафот констатираат дека во првата половина од годинава се бележат повеќе инциденти во кои се повредени правата на медиумски работници, а забелешки имаат за работничките права на новинарите, но и на условите за работа.