Македонија
10. October 2017 - 8:18

Светски ден на бездомништвото

 Во организација на Црвениот крст на Град Скопје денеска во Пунктот за бездомници - Момин Поток ќе биде одбележан Светскиот ден на бездомништвото.

Пунктот за бездомници во Момин Поток функционира деветта година по ред и нуди услуги, помош и поддршка на 50 бездомници на дневна основа кои редовно го посетуваат секој петок и има за цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството.

Бездомниците во пунктот можат да ги користат услугите за одржување на хигиената, а со нив работи и тим од доктор, психолог и социјална работа. Тие исто така добиваат и облека, храна и други материјални добра.