Македонија
2. April 2017 - 17:00

Светски ден на аутизмот: Секое 66 дете има аутизам

Едно на 66 деца во светски рамки има знаци на аутизам. Во Македонија нема официјален регистар за оваа состојба, но според експертите, во последните години бројот на аутистични деца рапидно е зголемен. Од научното здружение за аутизам велат дека свесноста кај родителите е разбудена и се почесто имаат јавувања на загрижени мајки и татковци кои  бараат совети доколку нивното дете не зборува или се уште не ги направило првите чекори на една и пол годишна возраст.

- Свесноста е зголемена, а кај аутизмот е важно доколку рано било откриено тогаш и можностите за порано вклучување на детето во општествениот живот е подобар. Ако забележат дека на година ипол не зборува, бараат совети, вели др. Јасмина Трошанска од македонското научно здружение за аутизам

Родителите се свесни, но проблем се затворените врати на надлежните институции. Во развиени земји,  Трошанска вели дека деца со аутизам завршуваат и факултет а добиваат и вработувања, што не е случај во Македонија каде не се вклучени во општествениот живот. Таа порачува дека треба многу да се работи на тоа поле за да не добива прашања од родителите кој ќе се грижи за децата со аутизам по нивната смрт.

- Добивам такви прашања и токму тоа ги тишти и мачи родителите. Некои одат во осдновно и после тоа толку остануваат дома со семејството. Тоа не е решение и треба да се поттикне да им се овозможи да бидат дружтвени а она што им треба е визулена поддршка, вели Трошанска

Од научното здружение велат дека се уште има родители кои веруваат дека МРП вакцината е причина за аутизмот, иако од странски експерти кои доаѓаат во земјата го добиваат одговорот дека нема ниту еден научен доказ за тоа.

- Многу родители се плашат да ги заштитат децата со МРП вакцината, иако има семејства каде второто дете има аутизам иако не било вакцинирано со таа вакцина.