Светската награда за хуманизам за 2017-та за Јиржи Свобода
Интренационалното жири на Охридската академија на хуманизмот едногласно одлучи Светската награда за хуманизам за 2017 година да му ја додели на режисерот и сценарист Јиржи Свобода, едно од најголемите имиња на чешката и светската кинематографија.
- Неговиот исклучителен животен и творечки опус, чијашто уметничка круна беше остварена минатата година со филмското ремек-дело посветено на Јан Хус, го вброи меѓу големите имиња на светската хуманистичка мисла кои изминативе години ја збогатија духовната меморија на Охрид, градот на вечно живите македонски просветители св. Климент и св. Наум, ученици на апостолите на сесловенската култура св. Кирил и Методиј, заштитници на Европа, информира Охридската академија на хуманизмот.
Светската награда на хуманизмот на Свобода ќе му биде врачена на свечена прослава во Куќата на Уранија на МАНУ во Охрид на 18 јануари со почеток во 19 часот. Најавени се обраќања на Јордан Плевнеш, претседатател на Охридската академија на хуманизмот, Мирослав Рамеш, амбасадор на Република Чешка во Македонија и на градоначалнкот на Општина Охрид Никола Бакарачевски.
Од 2007 година, кога беше востановена, Светската награда за хуманизам досега им е доделена на: Даисаку Икеда (Јапонија), Мануел Де Олвеира (Португалија), Александр Солжењицин (Русија), Рави Шанкар (Индија), Питер Брук (Велика Британија), Херта Милер (Германија), Џон Ралстон Саул (Канада), Светлин Русев (Бугарија), Вида Огњеновииќ (Србија), Дарко Гашпаровиќ (Хрватска).
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација